287
Дванаесетдневниот брак на Памела Андерсон и Џон Питерс ги наполни светските таблоиди со претпоставки и шпекулации поврзани со причините за нивниот развод.
Тие првично изгледаа доста среќно, за само по 12 денови да го раскинат склучениот брак поради засега непотврдени причини, барем не официјално. Но, целата ситуација очигледно го повредила Питерс, па тој решил да го скрши мразот и да прозбори за својот краткотраен брак со поранешната плејбој-зајачица.
Тој изјавил дека за тие 12 денови брак, на Памела потрошил 200 илјади долари, а во тие калкулации не ја вклучува нејзината нова облека, односно целосната обнова на нејзиниот гардеробер. Питерс не нагласил на што точно се потрошени тие 200 илјади долари.