Златната малина е признание што холивудските актери, режисери и продуценти не сакаат да го заслужат. Всушност тоа е своевиден Оскар за најлошо остварување на годината и е со хумуристичен карактер, доколку актерите имаат смисол за хумор. Воедно, тоа е и прилика за филмовите кои толку многу ја разочарале публиката и критичарите, да бидат исмејувани и прозвани.
Номинациите за 40. доделувања на Златната малина бе објавени во саботата како пародија на доделувањата на Оскарите кои се одиграа само еден ден потоа. Меѓу фаворитите се комедијата од Тајлер Пери „A Madea Family Funeral“, хорор филмот на Хилари Даф „The Haunting of Sharon Tate“ и можеби најголемиот губитник на 2019, мјузиклот „Cats“, кои многумина желно го исчекуваа, само за да се разочараат.
Cats е во предност за освојување на нималку престижната Златна малина за најлош филм, додека режисерот Том Хупер и самиот е номиниран за својот допринос во режисерската столица. Една од основните критики одат на сметка на лошо направената компјутерска графика, одсносно CGI ефект, но и нееднаквата глума на познатите и ценети актери, пишува DW.
Џуди Денч е номинирана за најлоша женска споредна улога за филмот Cats, а најголемата конкуренција во оваа категорија ѝ е Џесика Честајн, номинирана за филмот „X-Men: Dark Phoenix“.
Џон Траволта, кој не се сретнува прв пат со Златната малина, номиниран е за најлош актер. Неговиот филм „Trading Paint“ не заработи ниту цент во северноамериканските филмови, а на веб-страницата Rotten Tomatoes доби 0% препораки од критичарите и публиката.
Освен признанијата за разочарувачки остварувања, оваа година, по шестти пат, ќе биде доделена и Златната малина за најдобро искупување, наменета за актерите кои со својаа рбаота успеале да се искупат за лошите филмови од своето минато. Главен фаворит за ова признание е Џенифер Лопез. Пред да излезат номинациите за овогодинешните Оскари, навистина се очекувало дека таа ќе учествува во трка за најдобра женска споредна улога за филмот „Hustlers“.
Се уште не е позната кога точно ќе се оддржат доделувањата, но би требало ова да биде прва церемонија на Златната малина емитувана на телевизија.