СДСМ: Мицкоски признава дека не успеал да ги исполни задачите од својот шеф од Будимпешта

од Берта Китинска
117 прегледи

„За Христијан Мицкоски, свесното и намерно кршење на Уставот од страна на неговата послушничка Рашела Мизрахи е политички маневар, а не она што навистина е – загрозување на договорот од Преспа и загрозување на евроинтеграцискиот процес. Со ваквите ставови Христијан Мицкоски признава дека неговата и намерата на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната Влада е единствено да работи против интересите на граѓаните и државата“, соопшти СДСМ.

Според партијата, Мицкоски е нервозен затоа што е свесен дека не успеа да ги исполни задачите од Будимпешта и неговиот ментор Груевски.

„Извршителот Мицкоски не успеа да го спречи процесот на интегрирање во НАТО и ЕУ, не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф Груевски, не успеа да ја врати државата во времињата на поделби и изолација.

Мизрахи мора да биде разрешена затоа што свесно го прекршува договорот од Преспа и ги загрозува односите со соседите. Мизрахи се охрабри да злоупотреби државна институција во партиски цели, се охрабри да го прекрши Уставот само за да ги исполни нарачките на Мицкоски и Груевски и затоа мора да биде разрешена. Понудата на Мицкоски е сведена на блокади, деструкции и обиди за обнова на режимот, што најдобро се гледа преку однесувањето на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната Влада. Затоа, на 12 април тој и ВМРО-ДПМНЕ може да очекуваат нов убедлив пораз од граѓаните. На претстојните избори граѓаните уште еднаш ќе ги поразат погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ раководено од Будимпешта“, се вели во соопштението

Слични содржини