Пејачката, дизајнерка и бјути монголка Ријана уште еднаш потврди дека самата на себе си е најдобра реклама.
На својот Инстаграм објави фотографија на која позира во оскудна долна облека со потпис на нејзиниот бренд Savagе x Fenty и со своите раскошни облини ја подигна температурата на социјалната мрежа.
„Be mine“ (Биди мој), напишала таа во описот на најжешката честитка за Валентајн.
На фотографијата Ријана носи чишкаст градник, танга и халтери, бисерен ѓердан, а опкружена е со виолетов тул. Предизвикувачкиот но и романтичен изглед го надополнила со бајковит мејк-ап.
Фотографијата во повеќе од 10 часа собра над 2 милиони лајкови, па несомнено е дека не можела да направи подобра реклама од ова. Ријана својата колекција за Денот на вљубените ја најави пред еден месец.