424
За време на НБА Ол-стар, докажаниот вокал Џенифер Хадсон испеа емоционален и трогателен трибјут посветен на трагично загинатиот Коби Брајант и неговата ќерка Џана Брајант – Џиџи.
На самиот почеток ни таа не можеше да ги задржи солзите, а нејзиниот глас ја расплака публиката, додека во позадина одеа фотографии од Коби и Џиџи. Џенифер ја испеа песната на Дони Хатавеј, „For All We Know“.
И самата Хадсон во минатото има доживеано страшна трагедија. Во 2008 поранешниот сопруг на сестра ѝ ги убил нејзината мајка, сестрата и 7-годишниот внук. Трагичниот настан се случил во Чикаго, место кое Џен го избегнува, но овојпат собра храброст и дојде, што уште повеќе додава на тежина на нејзиниот емотивен настап.
https://www.youtube.com/watch?v=GMW8FVF0SmU