Режисерот на Паразит пречекан како херој

502 прегледи

Околу тристотини новинари и обожаватели во неделата го дочекаа режисерот на филмот Паразит, Бонг Јоон-хо, на јужнокорејскиот Меѓународен аеродром, со аплауз и воодушевување по враќањето од САД.

„Ви благодарам на аплаузот. И јас вам ви аплаудирам бидејќи толку добро се носите со коронавирусот“, рекол тој.

„Веднаш ќе ви се придружам во таа борба така што најпрво темелно ќе ги измијам рацете. Среќен сум што стигнав дома“, додал Бонг.

Паразит е првиот филм во 92 годишната историја на доделување на Оскарите, кој освои награда за најдобар филм и за најдобар меѓународен филм.

Тој освои вкупно четири Оскари, за најдобар филм, зајдобар меѓународен филм, за режија и за оригинално сценарио.

Бонг е роден во 1969 година во Јужна Кореја, а најпознат е по филмовите Окја (2017), Snowpiercer (2013) и сеќавање на убиството (2003).

Слични содржини