402
СДСМ вечерва во Скопје организира Марш под мотото „Чекориме за правда“ со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство.
Граѓанскиот марш почна пред Собранието на Република Северна Македонија, а ќе заврши пред комплексот судови во Скопје, каде ќе се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев.
– Ве повикувам сите правдољубиви луѓе пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата. Ве повикувам да се приклучите кон Маршот „Чекориме за правда”. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа Законот за јавно обвинителство – од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот!, напиша вчера Заев на својот фејсбук профил во повикот до граѓаните.