Стопиран е системот за аплицирање на пасоши. Техничкиот министер за внатрешни вели дека останати се уште само 3.600 патни исправи. Околу 650 граѓани кои од претходно поднеле барање за вадење пасош по итна постапка ќе ги добијат, но 16.500 граѓани ќе мора да ја чекаат испораката бидејќи поднеле барање по редовна постапка.
-Тука предност ќе имаат и приоритет ќе имаат сите оние случаи каде што е неопходно издавање на патна исправа за здравствени случаи, од медицински причини, рече Наќе Чулев.
Пасошката криза предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, еве дел од твитовите:
Како да ги задржиме младите да не се отселуваат? Нема да им издаваме пасоши pic.twitter.com/obuwvI1Nps
— ema (@glinenaa) February 18, 2020
Мојот пасош истекува на пролет, изгледа у Дојран ќе идам на одмор
— Ina (@mnogufina) February 18, 2020
Изгледа пронајден е начинот како да се задржат сите во Македонија – нема пасоши.
— Ivor Mickovski (@nezenzabar) February 18, 2020
Ви текнува кога ги воведоа црвените биометриски пасоши и цела Македонија требаше да ги замени наеднаш и имаше хаос и нервози, па се чекаше со месеци за термин, па уште толку за изработка, па итни постапки? Епа тоа беше пред 10 години и дојде време сите тие да се заменат.
— дамјанев (@damjanev) February 18, 2020
Нема пасоши,
нема иселување! pic.twitter.com/5Ak57T5sPf— COYOTE (@Coyote_1902) February 18, 2020
Активирајте бугарските пасоши сеа ајдеее
— Бициклета (@kornelijaaT) February 19, 2020
За пасош се сликав на 24 јануари, на страницата во готови документи не покажуваше ништо, а не ни бев да прашам знаејќи дека нема пасоши.
Пасошот бил направен и ме чекал. Ако сте сликани во јануари, прашајте си дитектно во мвр.— S. Koteski (@3892SK) February 19, 2020
Македонија нема:
• IKEA
• McDonalds
• Достава од Амазон
• Н&М
• PayPal
• ПАСОШИ— Сушанто (@rojsusanto) February 18, 2020