Жената прегазена во Штип, со тешки повреди пренесена во болница

од Берта Китинска
257 прегледи

Жена со тешки телесни повреди била префрлена во штипската болница откако во неа удрил автомобил на улица „Лески“ во Штип.

„Вчера во 11 часот и 20 минути било пријавено дека на улица „Лески“ во Штип патничко возило „голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(57) од Штип, удрило во пешакот В.Д.(75) од Штип“ соопшти МВР.

Во незгодата В.Д. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.

Слични содржини