Брегзит донесе странски компании во Холандија

од Aleksandar Petrovski
220 прегледи

Неизвесните ефекти од Брегзит ги принудија голем број странски компании да отворат претставништва во Холандија, соопшти холандската Агенција за странски инвестиции, додавајќи дека од референдумот за Брегзит во 2016 година дури 140 компании отвориле канцеларии во Холандија, а 78 минатата година своите дејности целосно ги префрлија во таа земја.

Во извештајот на Агенцијата се наведува дека поради отсуство на одговори на многубројни прашања за иднината на трговските односи меѓу Велика Британија и ЕУ се зголемува неизвесноста  во деловните кругови, иако Британија веќе ја напушти Унијата.

Според официјалните најави, ЕУ и Велика Британија треба до крајот на годинава да постигнат согласност за меѓусебните односи по Брегзит.

Агенцијата соопшти дека во тек се преговори со претставници на 425 компании, кои ја разгледуваат можноста поради Брегзит да го прошират или целосно да го преместат својот бизнис во Холандија.

Фирми од Британија, но и од САД и Азија, размислуваат за реструктуирање на своите европски операции поради се уште нејасните ефекти од Брегзит.

– За тие компании 2020 година ќе биде многу важна, констатира Јероен Мијланд од Агенцијата за странски инвестиции.

Слични содржини