Американскиот рапер Поп Смоук синоќа бил убиен во својот дом во Лос Анџелес, за време на грабеж, пренесува TMZ. Музичарот, чие вистинско име е Башар Бараках Џексон, во времето кога двајца вооружени, маскирани мажи му влегле дома во 4 часот наутро, бил сам дома.
Напаѓачите пукале во 20-годишниот рапер, го оставиле и побегнале. Раперот бил итно префрлен во болница во Западен Холивуд, каде лекарите константирале смрт.
Крадците се уште не се уапсени, а полицијата ниту открила кои се, ниту ги идентификувала. Еден маж привеле веднаш по пукањето, но набргу го пуштиле бидејќи било утврдено дека не е вмешан.
Поп Смоук бил рапер на почеток на музичката кариера, а минатата година ја издал својата деби компилација Meet the Woo. Бил млад и перспективен музичар пред кого стоела голема кариера, но неговата животна кариера прерано завршила.