Тирамису со јаболка, повкусно и од обичното

од Elena Daskalova
586 прегледи

Јаболката во овој рецепт додаваат нова димензија на вкусот и го прават десертот екстра вкусен и освежителен.

Состојки:

500 гр јаболка
3 лажички кафеав шеќер
60 гр шеќер во прав
Сок од еден лимон
Една кесичка ванилин шеќер
250 гр маскарпоне
500 гр свежо сирење
35 мл млеко
2 лажички амарето
50 мл сок од јаболка
200 гр пишкоти
2 лажички какао
Една лажичка цимет

Подготовка:

Излупете ги јаболката, па исечете ги на парчиња. Ставете ги во тенџере, додадете го сокот од лимон, кафеавиот шеќер и околу 35 мл вода и динстајте ги околу 10 минути со постојано мешање.

Изматете ги маскарпонето, свежото крем сирење, млекото, ванилиниот шеќер и шеќерот во прав. Измешајте ги настрана сокот од јаболка и амаретото. Во тавата наредете ги пишкотите, а врз нив попрскајте со сокот од јаболка и амаретото, додека да се потроши смесата. Над пишкотите распоредете ја смесата од јаболка, а најгоре ставете дел од смесата со сирење. Наредете уште еден слој пишкоти и ставете го остатокот од филот. Одозгоре посипете со мешавина од какао и цимет. Десертот треба да отстои најмалку два часа во фрижидер пред да го послужите.

Слични содржини