Самсоненко ветил дека сите ракометари ќе бидат исплатени до крајот на мај

од Aleksandar Petrovski
278 прегледи

Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко имал состанок со ракометарите на кои им ветил дека сите заостанати примања ќе им бидат исплатени.

Како што пренесува руски „Спорт“, Самсоненко свикал итен состанок со ракометарите по заминувањето на Криштопанс и Атман, но и се понагласените прозивки од страна на вардаровите ракометари за срамниот однос од страна на раководството кон нив. На состанокот, според руските медиуми, Самсоненко ветил дека сите долгови ќе бидат исплатени до 31. мај.

-Не се знае ништо конкретно. Имавме состанок со Самсоненко и Михајловски, отворено разговаравме. Ни беше кажано дека до крајот на месецов ќе се знае нешто повеќе. Не знаеме што ќе се случи, но како и да е јас до крајот на сезонава останувам во Вардар, мислам дека ист е ставот и на останатите ракометари. Би сакал работите да се стабилизираат“ – откри Иван Чупиќ.

Слични содржини