Љубомир Михајловски – Џанго, експерт од безбедносните сфери смета дека дрогата не е само проблем на Република Северна Македонија, туку е светски проблем.
„Постојат разни видови на дроги. Има природни, има синтетички, халуциногени, депресивни итн. Сакам да кажам дека разни видови дроги потекнуваат од разни земји. Така што хероинот, кокаинот, што беше вчера тема на разни случувања, не потекнуваат од Македонија, туку од Колумбија, Авганистан, Еквадор итн.Македонија за жал сега е и корисник односно пазар за дрогата и земја каде што се одвива транспорт, низ која поминува од исток према запад. Тие што се производители се надовр од Македонија. “, изјави во Утрински брифинг Љубомир Михајловски – Џанго, експерт од безбедносните сфери.
Тој вели дека Македонија до деведесеттите немала проблем со дрогата, затоа што во тој период општеството било поставено за дрогата потешко да влегува во училиштата и факултетите, со што тогашна Југославија не се најде на пазарот на дрога.