„Ми недостигаш повеќе отколку што можам да замислам“, напиша Ким Кардашијан под фотографијата со нејзиниот татко, кој на 22 февруари ќе прославеше 76-ти роденден.
Сестрите и нивниот брат Роб се потсетија на саканиот татко, кој почина на 59-годишна возраст во 2003 година. Ким објави слика од неа мала, со татко ѝ, порачувајќи му дека сака да е тука за да може да види сè.
Кортни и Клои ги наполнија своите инста-стори со носталгични фотографии од нивното детство и од времето кога нивните родители беа во среќен брак. Брат им Роб својот трибјут го објави на Твитер.
Адвокатот Роберт Кардашијан почина од рак на хранопроводот во 2003 година, едвај два месеца откако ја дозна страшната дијагноза. Во брак со нивната мајка беше до 1991 година, а нивниот развод беше постојано во очите на јавноста.
Кардашијан потоа беше женет уште двапати, но немаше деца со другите сопруги.