240
Пожар избувна вчера во фабрика за сокови во Охрид. Во инцидентот нема повредени, а предизвикана е материјална штета.
Според информациите на СВР-Охрид, вчера во 01.55 часот, во фабрика за сокови лоцирана на булеварот „Железничка“ во Охрид, се појавил пожар. Од извршениот увид констатирано е дека пожарот зафатил неколку пластични и гумени предмети по што, бил изгаснат од чуварската служба.
Во пожарот нема повредени лица а предизвикана е мала материјална штета.