Метелко-Згомбиќ: Се надеваме дека се создадени условите за отворање преговори

од Берта Китинска
264 прегледи

Хрватската државна секретарка за европски работи, Андреја Метелко-Згомбиќ, пред почетокот на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел денеска, изјави дека се надева дека сите преземени активности во делот на проширувањето ќе создадат услови за отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Министрите за надворешни и европски прашања денеска ќе ја слушаат презентацијата на Европската Комисија за ревидираната методологија за пристапни преговори како и за реформскиот напредок на Северна Македонија и Албанија во пресрет на објавувањето на извештаите во текот на идната недела.

-Денеска нема да има говор за напредокот на Северна Македонија и Албанија, денес го правиме првиот чекор, Европската Комисија ќе не извести за предлогот на идната методологија за проширувањето и ќе не извести истовремено како течат подготовките за извештаите за напредокот и веруваме дека овие две активности заедно ќе бидат доволно голем придонес за создавање на услови за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија, изјави Метелко-Згомбиќ.

Слични содржини