Францускиот шампион Пари Сен Жермен нема да може да се потпира на својот капитен, Тиаго Силва и играчот од средниот ред Андер Ерера во следните неколку недели поради повреди.
Двајцата нема да бидат достапни за реваншот во полуфиналето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд на 11 март во Париз, во кое лидерот во Лига 1 мора да стигне заостанување од 1-2.
Централниот дефанзивец Силва ќе отсуствува од игра околу три недели, поради повреда на бутот што ја доби на почетокот на неделниот натпревар, при победата од 4-3 над Бордо. Повредата на Ерера е уште посериозна, бидејќи тој претрпе повреда на мускулот на ногата што ќе го извади од терените за околу два месеци.
Ова се нови лоши вести за тренерот Томас Тухел, откако Марко Верати и Тома Муние, исто така, отпаднаа од комбинација за мечот со Борусија поради казни.