Го обвинија познатиот дизајнер: Ја искористува смртта на Коби за да си ја продаде колекцијата

394 прегледи

Познатиот дизајнер Филип Плејн се соочува со низа критики откако неговото оддавање почин на Коби Брајант на миланската Модна недела, на многумина не им се допадна.

Шоуто на Плејн во сабота навечер во Италија заврши со оддавање на почит на покојната кошаркарска ѕвезда, при што моделите носеле дресови со бројот 24 додека во позадина се наоѓаа бројни позлатени возила, вклучувајќи и два хелихоптери.

Во соопштението за USA Today, Плејн рекол дека неговото дефиле било испланирано уште во ноември, „многу пред трагедијата“, на 26 јануари. „Поради тоа таму имаше хилихоптери“, напишал Плејн. „Да беше возможно, нормално дека би ги тргнал, но беше прекасно да ги заменам“.

https://www.instagram.com/p/B85ryIcCUCe/

На неговата страница достапна е колекцијата Plein 24, во која се наоѓа виолтов дрес со бројот 24 и името на дизајнерот кој се продава за 2.070 долари.

Дизајнерот за американските медиуми рекол дека целиот профит ќе го донира во организацијата на Коби, а првите 20.000 долари веќе ги вложил во шоуто.

„Тажно е да се види нешто позитивно и конструктивно како може да се интерпретира погрешно, од луѓе кои очигледно сакаат така да го интерпретираат без причина. Всушност, правам нешто да и помогнам и да ја поддржам организацијата. Делата зборуваат повеќе од зборовите“, додал Плејн.

View this post on Instagram

HAPPY BIRTHDAY TO MY BROTHER @alecmonopoly 🖤

A post shared by Philipp Plein (@philippplein) on

Шоуто предизвика бес кај многу фанови на кошаркарот, а многумина го обвинуваат дизајнерот дека ја сензационализира смртта на Брајант.

„Плејн направи два златни хилихоптери за своето денешно шоу, кое се случува на 27 дена по смртта на Коби“, вели еден коментар на Твитер.

Многумина коментираат како се работи за искористување на трагедија и го опишале неговото шоу како невкусно, па дури и одвратно.

Слични содржини