Демократскиот сојуз смета дека со објавување на нелегално снимени разговори се загрозува приватноста и правната сигурност на граѓаните.
„ДС предлага, Јавниот обвинител во соработка со МВР и другите институции, доследно да ги применува законските овластувања:
• Прво, разговорите да ги користи за проверување на изнесените работи преку собирање на информации, факти и докази, како и за покренување на соодветни постапки;
• Второ, да поведува постапка за неовластено снимање на разговори; и
• Трето, да поведува постапка за тие што неовластено објавуваат тајно и нелегално снимени разговори.
Демократскиот сојуз е за заштита на јавниот интерес и поддржува објавување на разговори со кои се разоткриваат криминални активности, но мора да постои и одговорност за злоупотреба на приватноста за политички цели“, велат од партијата.