157
Во Франција почина уште едно лице заразено со новиот коронавирус, соопштија локалните власти.
Починал 60-годишен Французин, кој доцна синоќа во многу сериозна состојба бил прегледан во болница во Париз.
– За жал, тој почина во текот на ноќта, информира директорот на болницата Жером Саломон.
Во Франција со вирусот се заразени 17 лица.