Според пишувањата на магазинот ОК!, вечниот и еден од најпосакуваните ергени, Леонардо ди Каприо, се оженил со својата девојка Камила Мороне, со која се забавува изминативе две години.

На големиот чекот се одлучиле, како што се пишува, уште пред Оскарите. За овој чекор од нивната врска веќе се нагаѓаше, затоа што на споменатата церемонија прв пат се појавија заедно, што за Лео е невообичаено, бидејќи на вакви настани секогаш ја носеше својата мајка.

Причината за нивното тајната венчавка наводно, е бременост.

Магазинот тврди дека заветите ги размениле на приватен остров на Бахамите, непосредно пред доделувањата на наградите.

„Се обидуваа веста да остане тајна, но сепак одлучија да прослават со неколку колеги. Беше многу, многу забавно, имаше смеење, прегратки, но и солзи радосници“, раскажал анонимен извор кој додал дека парот навистина сака да се оствари во улогата на родители.

„Многу посакуваат да станат родители, поради што сите се радуваат на гласините дека Камила е бремена“, рекол изворот.

Леонардо, наводно, Камила ја запросил со помош на својот пријател Бред Пит.

„Бред зад себе има неколку брака, па му даде неколку насоки на Лео околу запросувањето, со цел да биде совршено. Наводно, Камила кажала да“, откри истиот извор.

Слични содржини