Што може да направи Панцир-С1?

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Панцир-С1 е ракетен одбранбен систем дизајниран, како што наведува руската државна компанија за извоз и увоз на производи, технологии и услуги од областа на одбраната „Рособоронекспорт“, за потребите на помалите армии, како и за одбрана на административни и индустриски локации од непријателски авиони, хеликоптери и ракети, пренесува „Алџезира Балканс“.

Од руската компанија додаваат дека Панцир-С1 може да се користи и како засилување на единиците за воздушна одбрана при одвраќање на поголеми воздушни напади. Неодамна беше објавено дека е модифициран и за употреба против помали беспилотни летала, кои честопати не можат да бидат детектирани од конвенционалните радари и одбранбени системи.

Првите примероци доставени до Србија

Русија развива повеќе варијанти на овој систем со цел да им обезбеди повеќе опции на своите единици. Првата и најпозната варијанта е Панцир-С1, кој беше произведен во периодот од 2008 до 2013 година, а продолжението е планирано за 2019 година. Србија објави дека ќе го купи овој систем за време на обуката „Словенски штит“ и првите системи беа испорачани во февруари годинава.

Панцир-С1 може да носи до 12 ракети, а станува збор за ракети од земја-воздух со ознака 57E6. Исто така, има и два двоструки триесетмилиметарски автоматски противавионски топа со по 700 ракети.

Контролата на оганот на Панцир-С1 има радар за пронаоѓање на целта и радар за следење што работи во UHF и EHF бранови. Опсегот на пронаоѓање на целта е 32-36 километри, а опсегот на следење е 24-28 километри. Исто така, постои електро-оптички канал со термален сензор за следење на ракети и други цели.