Американската пејачка Мадона во неделата навечер морала да го откаже концертот во Париз поради повреди, објавила концертната сала во која требало да настапи.
„Со жалење ве известуваме дека шоуто на Мадона е откажано поради повреда која трае подолго“, напишале од салата Grand Rex на својата интернет страница.
Не е објаснато дали пејачката ќе биде во состојба да настапи на вечерите кои следат. Таа во Париз требало да биде до 11 март во рамките на својата турнеја „Madame X Tour“, на која француската престолнина беше последна етапа.
На концертот во четвртокот Мадона имала поголеми проблеми и покажувала знаци на слабост. Според натписите на магазинот Le Parisien, таа има пукнате лигаменти на коленото.
Инаку, поп ѕвездата неодамна се најде во фокусот на јавноста откако ги повика принцот Хари и Меган Маркл да живеат со неа во станот во Њујорк.