Тимоние: Новата методологија и извештајот на ЕК се охрабрувачка основа за старт на преговорите

од Берта Китинска
345 прегледи

Франција со оптимизам гледа на извештајот на Европската комисија, како и на методологијата за проширување како охрабрувачка основа за донесување одлука за старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, истакнал францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на денешната средба со премиерот Оливер Спасовски.


Како што соопшти владината прес-служба, на честитките за позитивниот мини извештај на Европската комисија за значителниот напредок на нашата земја, премиерот Спасовски на средбата посочил дека извештајот завршува со уште една препорака за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, и дека тоа е резултат на посветената работа и во периодот на актуелната Влада, во кој се затворија неколку важни реформски прашања, меѓу кои и пакетот закони за правосудството.

Премиерот Спасовски изразил благодарност до сите што учествуваа во процесот за да се остварат постигнувањата констатирани во извештајот на Европската Комисија, особено до земјите членки на ЕУ и пријатели на Северна Македонија кои го охрабруваат мерит системот во оценките за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ.
На средбата било потенцирано дека извештајот, заедно со новата методологија за проширување му дава на процесот на преговори и на пристапување кон членство во ЕУ кредибилност и претставува добра порака за регионот.

Слични содржини