Еве зошто Камила никогаш нема да стане кралица

562 прегледи

Принцот Чарлс престолот го чека веќе 71 година и дефинитивно е наследникот кој најдолго чекал во историјата на тронот. Иако се шушкаше дека Елизабета Втора ќе се повлече во пензија и дека Чарлс ќе стапне на тронот, од тоа за сега нема ништо и Чарлс ќе мора да го почека своето владеење.

Клеренс Хаус, резиденцијата на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс, денеска потврдија дека војвотката Камила нема да стане пратечка кралица кога Чарлс ќе стане британски крал. Всушност, тие само ја потврдија одлуката која стапи на сила во 2005 година, кога се венчаа Чарлс и Камила.

Камила нема да стане пратечка кралица, но ќе стане принцеза односно пратечка принцеза (Princess Consort).

Технички гледано, Камила и денеска е принцезата од Велс, но таа титула не ја користи поради фактот дека таа и припаѓаше на првата сопруга на Чарлс, Дијана и кралскиот двор сметаше дека Камила со таа титула би имала лош имиџ во јавнсота. Затоа ја зеде титулата на војовдството на својо сопруг, Корнвал.

Се претпоставува дека следната британска пратечка кралица ќе биде Кејт Мидлтон, на која треба да и припадне титулата принцеза од Велс по смртта на Елизабета Втора.

Слични содржини