362
Денеска во Белград имаше ново рочиште на кое се појавија Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ. Цеца ја тужеше Јелена дека ја наклеветила дека стои зад убиството на Зоран Давидовиќ.
На тоа, Цеца изјавила дека медиумите не треба да земаат изјави од психички нездрави личности, по што Карлеуша врати на тужбата. Тие двете денеска се сослушани пред окружен судија.
„Јас ниту навредувам, ниту понижувам, свесна сум за своите квалитети и немам потреба јавно да понижувам никого. Ако некој кој има докази не оди во полиција, туку лае во медиуми, ја загрозува безбедноста на моето семејство и сега јас се правдам, а всушност таа личност не е психички добра“, изјавила Цеца по сослушувањето.