Супермаркет воведе каса за “муабетење“

од Берта Китинска
311 прегледи

Осаменоста меѓу старите луѓе е вообичаена ширум светот. Според студиите, повеќе од половина луѓе постари од 55 години патат од осаменост, пренесува Бизнисинфо.

Овој проблем го забележале и луѓето во супермаркетот Jumbo во Влијмен, Холандија, кои смислиле уникатен начин како да се борат против тоа. Имено, во нивниот супермаркет вовеле (Chat Checkout), односно каса за разговор и (All Together Coffee Corner) ќоше за кафе – разговор.

Идејата е повозрасните посетители на продавницата да можат да пијат кафе, да се дружат, да запознаваат свои врсници, да зборуваат за нивниот ден, па дури и да побараат помош. И сè тоа наиде на огромно одобрување, според коментарите на купувачите.

Проектот е одобрен од холандскиот министер за здравство, Хуго де Јонг. Во него учествуваат доброволци од хуманитарна организација за помош на стари лица.

Целта на проектот е создавање на безбеден простор за стари луѓе кои таму би запознале луѓе кои волонтираат. Локалните волонтери разговараат со постарите лица и им нудат помош во купувањето.

Според Александар ван Вурт, кој дошол до оваа идеја, мотивот е луѓето да внимаваат едни на други.

Малку емпатија дава многу, така што оваа мала иницијатива може да ги инспирира другите.

Слични содржини