Северина повторно во драма, доби тужба и од судијката која го води спорот

од Elena Daskalova
372 прегледи

Неодамна пејачката Северина изнесе одредени тврдења на сметка на судијката Луција Ласиќ, која е дел од комисијата која одлучува по жалбите за старателството над синот.

Имено, според пишувањата на хрватските медиуми, поради изјавата која Северина ја дала на прес конференција во октомври 2019 година, судијката решила да покрене тужба против пејачката за навреда на честа.

Исто така, барала и дополнителна оштета во износ од 3.000 евра.

Инаку, Луција е една од судиите кои го водат овој спор и ѝ го одзеде старателството на Северина над синот Александар и му го додели на Милан Поповиќ, пресуда што ја потврди судијката Теа Голуб, која е пријателка на семејството Поповиќ.

Слични содржини