Десетгодишно девојче пронајдено удавено во Мала река

од Берта Китинска
362 прегледи

Десетгодишната Ешуриме Беќирова од село Бањица која вчера утрото исчезна и се бараше во надојдените води на Мала река, утрово е пронајдена под селото, извести градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски на својот Фејсбук профил.

Потрагата траела во текот на целиот вчерашен ден и утрово.

„Голема загуба за граѓаните на општина Чашка,училиштето Тодор Јанев во нас.Чашка ,семејството Беќирови и сите нас. Сочуство до семејството“, напиша Стојановски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/goran.kanela/posts/3681060158587805

Слични содржини