Свршеникот на Џеј Ло го облече нејзиниот фустан и почна да танцува (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
420 прегледи

Џенифер Лопез и Алекс Родригез го прифатија познатиот Тик-ток предизвик и се снимаа како танцуваат пред огледало.

Пејачката и поранешниот бејзбол играч одговориле на предизвикот кој им го задал Дрејк, па танцувале и си ја замениле гардеробата.

Џенифер и нејзиниот вереник Алекс Родригез ги шокирале своите следбеници на социјалните мрежи кога започнале да танцуваат и си ги замениле улогите. Ова видео стана хит на социјалните мрежи и за еден ден собра неколку милиони прегледи. Станува збор за предизвикот популарен на социјалната мрежа Тик-ток, кој налага едно лице да танцува додека се снима, а кога ќе се слушне звук за прекин тие двајца да си ги сменат местата и гардеробата.

Слични содржини