248
Фудбалерот на Хановер, Тимо Хуберс е позитивен на тестот за коронавирус.
Веста ја потврди германскиот клуб и тврди дека тој немал контакти со соиграчите.
„Се сомневаме дека Хуберс е заразен на еден настан одржан во сабота. Немал контакти со соиграчите од тој момент, но за секој случај комплетниот тим беше тестиран. Тимо се однесува примерно и не покажува никакви симптоми. Се пријавил сам и заминал во карантин откако слушнал дека со него на настанот била личност која имала коронавирус.“ – соопшти спортскиот директор на клубот.
Оваа сезона Хуберс поради повреда на коленото настапи само на три натпревари, а во петокот постигна погодок во победата над Нирнберг.