Пред да ѝ биде дијагностициран коронавирусот, сопругата на Том Хенкс, Рита Вилсон, гостувала во талк шоуто Today Extra со водителот Дејвид Кампбел. Рита во шоуто гостувала во понеделникот, а водителот сега решил да се самоизолира.
„Ја интервјуирав во понеделникот, дојде во студиото и беше сушер и многу мила, немаше никакви симптоми“, рекол водителот.
„Беше многу внимателна. На почетокот дури и се пошегува и рече дека не би требало да се ракуваме туку да се удриме со лактите. Па го направивме тоа“, додал.
Водителот сега е во домашен карантин со својата сопруга и трите деца, а истите мерки ги презела и неговата ко-водителка Белинда Расел.
Кампбел додал дека не е премногу загрижен бидејќи „поминал само седум или осум минути со Рита“. Daily Mail Australia пренесува дека и Том бил прусутен за време на интервјуто и дека Рита ја користела гардеробата на водителката Трејси Гримшо. Поради тоа и водителката мора да преземе мерки за претпазливост.