Курц очекувa следната недела бројот на заразени во Австрија да се искачи на 10.000 лица

од Aleksandar Petrovski
157 прегледи

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави дека за една недела се очекува бројот на заразени со новиот коронавирус во Австрија да надмине 10.000 луѓе.

Тој во обраќањето пред Долниот дом на австрискиот Парламент наведе дека во моментот има над 300 инфицирани лица, а за неколку дена ќе биде надмината границата од илјада, а за една седмица ќе се искачи и над 10.000 лица.

Курц посочи дека Владата презела драстични мерки со цел врвот на инфекцијата со новиот коронавирус да се одложи за по сезоната на грип на тој начин да се спасат животите на повозрасните граѓани.

Австрискиот канцелар наведе дека е суспендирана наставата на универзитетите, во училиштата, но има и забрана за големи манифестации.

Слични содржини