Два дена останаа до 15 март, датумот што го постави премиерот на привремени институции во Приштина, Албин Курти, да почеток на постепено укинување на таксите на српски и стоки од Босна и Херцеговина. Одлуката за укинување на таксите треба да ја усвои косовската влада, објави „РТС“.

Денес, утре или задутре владата има можност да заседава и одлучи за таксите, ако имаат намера да се придржуваат до најавите на нејзиниот претседател дека пд 15-ти ќе започне укинувањето на таксите. Во спротивно, дури од следната недела.
Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, вчера побара од Албин Курти целосно укинување на таксите, за да се продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Притисок, значи, доаѓа и од Брисел, не само од Вашингтон, така што Курти е во ситуација кога има малку простор да ги избегне обврските кои се однесуваат на укинувањето на данокот на српската стока.