Светот е во карантин

од Nikola Popovski
389 прегледи

Од денес, многу земји ширум светот воведоа забрани за влез на странски државјани на нивните територии, кои прогласија карантин или засилени гранични контроли.

Многу големи градови во Европа и Соединетите држави забранија собирање на многу луѓе на едно место и воведоа итни мерки за борба против пандемијата.

Битката со КОВИД-19 накратко:

Најголемиот ланец на казина во САД – „МГМ“ – на неодредено време ги затвора казината и хотелите во Лас Вегас „до следно известување“;

Германија денес повторно ќе воведе царински проверки на граѓани од пет земји. На луѓето „без значителна причина да патуваат“ нема да им биде дозволено да ја преминат германската граница;

Само четири нови локални случаи на инфекција со коронавирус се пријавени во Кина, а останатите се заразиле во странство;

Директорот на Федералните резерви на САД ја намали основната каматна стапка на земјата на можен минимум од 0,25% и рече дека вирусот има „длабоко“ влијание врз економијата. Мерката ја поздрави претседателот Доналд Трамп. Џо Бајден и Берни Сандерс пак, се поздравија со лактови наместо да се ракуваат пред нивната вчерашна телевизиска дебата. Американските власти советуваа да не се соберат повеќе од 50 луѓе на исто место.

Турција стави во карантин десетици илјади верници кои се враќаат од богослужба во Саудиска Арабија.

Слични содржини