„Индепендент“: УЕФА го одложува ЕП 2020 за сметка на ЛШ и Лига Европа

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Раководството на Европската фудбалска централа – УЕФА, во вторник ќе им соопшти на сите национални федерации дека е подготвена да го одложи ЕП 2020, за да може да се завршат локалните првенства и европските клупски турнири – Лигата на шампиони и Лигата на Европа, тврди весникот „Индипендент“.

Турнирот на Стариот континент требаше да се одржи помеѓу 12 јуни и 12 јули, но според раководните фактори во европскиот фудбал, тоа не можеше да се случи заради кризата со коронавирус.

Датумот 12 јули, кој требаше да биде за финале во ЕП 2020, најверојатно ќе се искористи за финалето во Лигата на шампионите. УЕФА до тогаш се надева дека националните првенства во сите земји, кои во моментов се одложени, ќе бидат завршени.

„Ќе понудиме на УЕФА одложување на Европското првенство. Ќе се обидеме да го завршиме домашниот шампионат затоа што сметаме дека е поправеден и поправилен заради сериозните жртви и инвестициите од страна на нашите клубови“, рече Габриеле Гравина од италијанската фудбалска федерација.

Се тврди дека предлогот ќе биде поддржан од Премиер лигата, како и други федерации во Европа.

Во текот на викендот, ФИФА објави дека не треба да се одржуваат сите меѓународни натпревари во март и април и додаде дека од клубовите не се бара да ги ослободат своите играчи за овие мечеви.

Слични содржини