Црна Гора е единствената европска држава во која нема регистрирани случаи на заразени со коронавирусот. Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, 638 лица се под надзор, објави Би-би-си.

Во Црна Гора се забранети јавни собири, посети во болници и затвори.
Владата на Црна Гора донесе и „Одлука за одржување на социјална дистанца“ – прекината е наставата, рестораните и кафулињата се затворени, а во сите објекти, без оглед на површината, не смее да има повеќе од 50 клиенти истовремено.
Вицепремиерот Милутин Симовиќ рече дека Владата презема најголеми и максимални мерки на претпазливост за да го одложи појавувањето на коронавирусот во Црна Гора што е можно подолго.
„Сведоци сме дека многу држави задоцнија во мерките, што резултираше со масовно ширење на епидемијата. Не смееме да направиме таква грешка и затоа делуваме“, изјави Симовиќ.
Голем број Црногорци и Црногорки работат од дома.