Актерот ја напушта болницата, неговата сопруга останува

326 прегледи

Американскиот актер Том Хенкс е пуштен од австралиската болница во која беше во изолација откако минатата недела беше установено дека е позитивен на коронавирусот, но неговата сопруга, Рита Вилсон, засега, останува во болница, рекле вчера оттаму.

Повеќекратниот добиник на оскар, снимал филм за Елвис Присли во близина на Брисбен. Минатата среда било потврдено дека тој и неговата сопруга, се позитивни на коронавирусот. Рита Вилсон одржувала концерти во Сиднеј и Брисбен.

Во Австралија досега се евиденирани 400 случаи на заразени и пет смртни случаи.

И покрај позитивниот тест, ниту Том, ниту Рита, не „потонаа“, ниту го изгубија ведриот дух.

Слични содржини