Поради коронавирусот се откажува најочекуваниот моден настан на годината

401 прегледи

Уредничката на американскиот Vogue, Ана Винтур, во понеделникот преку соопштение за магазинот ги потврди претпоставките околу одржувањето на еден од најочекуваните модни настани во годината.

Станува збор за Мет галата, чија организаторка е самата Винтур, која како и досега треба да се одржи првиот понеделник од мај во њујоршкиот музеј Метрополитен, а новиот датум зависи од развојот на ситуацијата со коронавирусот во светот, пишува Vogue.

За потсетување, најавената тема на овогодинешната Мет гласи: „За времето: Мода и траење“. Се работи за тема од широк спектар бидејќи гостите инспирација за својот изглед можат да најдат во модата од изминатите 150 години, а нема да згрешат со ниту еден од безвременските изданија, објасни за NY Times Ендрју Болтон, главниот кустос на Институтот за костуми во музејот Метрополитен.

Слични содржини