228
На 16.03.2020 во 20:42 часот во СВР Скопје, А.Е.(21) од Скопје пријавил дека околу 20:30 часот на автопат во близина на бензинска пумпа во с.Идризово, додека управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, во кое сопатници биле А.Ч.(23) и Х.А.(21), и двајцата од Скопје, кон нивното возило било пукано од огнено оружје од непознато лице, кое било во патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки.
Набрзо, на бул.„Никола Карев“ патничко возило „мерцедес“ со удар се обидело присилно да го запре возилото на пријавителот, кој успеал да го напушти местото на настанот.
Повредени лица нема, се преземаат мерки за расчистување на случајот.