Бектеши: Имаме доволно резерви на пченица и брашно, дополнително донесовме одлука за забрана за извоз во други земји

од Берта Китинска
225 прегледи

Дел од медиуми  денеска објавија дека камиони со македонска пченица се извезуваат во Косово и дека имаме резерви за само 26 дена.


-Сакам да им порачам на сите вакви медиуми што шират лажни вести треба да се засрамат посебно во ваква кризна ситуација во државата предизвикана од Коронавирусот.Апелирам до сите граѓани ИМАМЕ доволно резерви на пченица и на брашно, а дополнително донесовме одлука за забрана за извоз во други земји.Има контроли и инспекции на терен и нашите граници се осигурани.Да потсетам објавувањето на лажни вести согласно заклучок на Владата се казниви по Закон. Апелирам до медиумите да не објавуваат лажни вести кои предизвикуваат паника кај граѓаните во оваа кризна ситуација, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Слични содржини