Во Гостивар потврден е првиот случај на корона, бројката на заразени сега е 43

од Берта Китинска
164 прегледи

Прв случај на коронавирус е потврден во полошкиот регион. Се работи за 45 годишна жена од Гостивар која пред десетина дена е вратена од Германија, пренесува Телма.

Таа немала симптоми на вирусот, но се јавила на инфективното одделение во гостиварската болница, затоа што лице од странска држава со кое била во контакт имало Ковид 19.  Докторот кој ја прегледал вели дека денеска од Скопје ги добил позитивните резултати за гостиварската пациентка.

Пациентката е изолирана и е сместена на инфективното одделение во Гостивар. Лекарите велат дека нејзината состојба е стабилна, а во случај на потреба ќе се транспортира на инфективната клиника во Скопје.

Директорот на госитварската болнциа Јакуп Јакупи, вели дека како установа ги презеле сите мерки за справување со состојбата. Засега заштитна медицинска опрема има, но истата поради вонредните услови многу се троши.

Слични содржини