Од понеделник училиштата почнуваат со онлајн-настава

од Берта Китинска
379 прегледи

Во Општина Аеродром се одржа консултативен состанок со директорите на основните училишта од општината, кои добија насоки за продолжување на едукативниот процес на учениците преку онлајн-платформата на Гугл класрум (Google Classroom).

Како што информираат од Општината, постапката на креирање на онлајн-училниците со одделенските раководители во училиштата ќе заврши во текот на денот со внесување на имињата на учениците во апликацијата Гугл класрум.

Од локалната самоуправа им порачуваат на учениците да ги следат упатствата на одделенските раководители.

Слични содржини