Додека трае оваа пандемија поради коронавирусот, поранешниот гувернер на Калифорнија и актер Арнолд Шварценегер, за своите следачи на социјалните мрежи ги советуваше да останат во своите домови, додека нему друштво му прават понито Виски и магарето Лулу.
Легендарниот актер, сега повторно позираше со нив и тоа видео го објави на Твитер.
„По тренингот дома, јадам со Виски и Лулу“, напиша актерот во описот на видеото.
After my home workout, fueling up with Whiskey and Lulu. pic.twitter.com/keXGJye6MK
— Arnold (@Schwarzenegger) March 20, 2020
Освен тоа, Терминаторот на Инстаграм им порача на фановите дека и во ова време не треба да престануваат со вежбање.
„Многу работи не можеме да ги контролираме за време на оваа криза, затоа треба да се сконцентриране на она што можеме да контролираме. За вас подготвив свои стари вежби за кои не ви треба теретана, како што ветив, затоа што тоа е она што можеме“, напишал актерот во описот на фотографијата од младоста на која вежба.