Бројни светски ѕвезди побрзаа на социјалните мрежи да се пожалат на самоизолацијата и на фановите да им покажат дека псотојаното седење дома не мора да биде тешка работа.
Па така, Кардашијанките и нивната мајка Крис Џенер им порачаа на фановите дека доколку тие можат да издржат во самоизолација во своите вили со огромните приватни полиња и коњи кои можат да ги јаваат, тоа го може секој.
Џастин Бибер покажа како се забавува во својата огромна вила, Марта Стујард се јавила од својата луксузно опремена кујна за да покаже дека секој може да готви, а пејачот Сем Смит дури покажа како излгеда „сломот“ поради самоизолацијата додека седи на скалите од својата вила вредна 12 милиони долари.
https://www.instagram.com/p/B928j5Uniy1/?utm_source=ig_embed
Но, фановите на социјалните мрежи не беа воодушевени од нивните совети. Тие се бесни бидејќи ѕвездите се жалат на самоизолацијата, а во своите вили имаат се што можат да замислат.
https://www.instagram.com/p/B960OubA8Xa/?utm_source=ig_embed