Го обвинија дека лаже за коронавирусот, а сега Елба ги замолче сите

од Elena Daskalova

Актерот Идрис Елба е заразен со коронавирус, но на интернет се појави теорија дека тој, како и уште неколку познати личности го глумат тоа, за што земаат многу пари.

Тој реши да им стави крај на ваквите наводи.

„Идејата дека некој ме платил да глумам дека имам корона е срање, тоа е глупост, а толку интензиво се шири. Немаме никаква корист од тоа да седиме дома и да глумиме. Не ја разбирам логиката. Треба да заврши и дебатата за богати и сиромашни. Да, добив тест, но добив и вирус, привилегиран ли сум? Ова не е филм. Јас сум човек кој по игра на случајноста е јавна личност. Не се чувстввуам привилегирано што го имам вирусот“, им порача Елба на теоретичарите на заговор.

Слични содржини