Од поп икона до икона на работничката класа: Бритни е комунистка

427 прегледи

Коронавирусот разоткри дека познатите живеат потполно различно од сите сотанати. Откако беа објавени снимки од нивните палати со сопствените киносали, спа центри, базени и голф терени, молејки ги останатите да останат во своите домови, сега почнаа со своите мудрости.

Ванеса Хаџинс веќе објасни дека не гледа во што е проблемот со тоа што некои луѓе умираат, а Бритни Спирс започна по сосема друг пат.

„За време на изолација потребна ни е поврзаност повеќе од било кога. Побарајте ги саканите, напишете вирутуелни љубовни писма. Технологијата како виртуелна комуникација, стриминг и емитување се дел од соработката на нашата заедница“, објавила Бритни.

View this post on Instagram

Communion goes beyond walls 🌹🌹🌹

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Пред се, таа ги повика следаччите да и пратат приватна порака доколку сакаат таа да им купи храна, хигиенски сретства и пелени, а сега на социјалните мрежи повикува на штрајк и прерасподелба на богатствата.

На инстаграм таа сподели објава од Мими Жу која промовира одреден социјалистички пристап од кој повеќето од ѕвездите би го одбегнале.

„Ние ќе се храниме едни со други, прерасподелба на богатството, шрајк“, гласи објавата.

Фановите, оваа покана не ја сфатија сериозно, па набргу започнаа шегите нарекувајќи ја Бритни, другарка.

Слични содржини