Ана Николиќ ја покажа линијата и откри: Имав преку сто килограми

549 прегледи

Поп пејачката Ана Николиќ со години се бори со вишокот килограми, а откако пред три години ја роди ќерката Тара, српските медиуми пишуваа дека се здебелила повеќе од 50 килограми.

Пред еден месец таа одлучи да се врати на сцената во полн сјај. Откако извади неколку песни кои во рекордно време станаа хит, НИколиќ покажа и како ја доведе линијата до совршенство.

Таа гостувала во емисијата Ami G Show каде призна дека моментално има 54 килограми, а на прашањето колку имала по породувањето, таа одговори:

-Имав преку сто килограми. По породувањето имав уште една јас.

Бројни следачи коментираа како Ана се однесува чудно. Некои отидоа и чекор понатаму и пишуваа дека пејачката повторно се вратила на алкохолот со кој со години имала проблем.

– Што е ова? Дали е пијана или на таблети? На водителот не му се верува? Леле колку се посрамоти – биле коментарите под видеото.

Слични содржини