Коронавирусот го замрзна проектот за нов стадион на Челси

од Nikola Popovski

Челси објави дека решиле да го одложат планираното реновирање и проширување на капацитетите на „Стемфорд Бриџ“, поради финансиската криза предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Во 2017 година, клубот доби дозвола да започне со рушење на зградите околу стадионот за период од три години, но досега не се срушени згради, а дозволата истекува денес.

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович, сака да го зголеми капацитетот на „Стемфорд Бриџ“ на 60.000 места, што ќе чини скоро 1 милијарда фунти, но сегашната светска криза го принуди рускиот милијардер да го блокира проектот на неодредено време.

Слични содржини